ЛУТРАКИ е мало туристичко место. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Температурата на водата е од 37-38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

31.12.2021 год. Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп за Грција преку Гевгелија за Солун, кратка обиколка на центарот на градот при што можат да се видат: Белата Кула, плоштадот Аристотелос, улицата Виа Игнациjа… Слободно време во Солун  и уживање во предновогодижното и божично расположение, но и можност за уживање – возење со брод  кафич низ Солунскиот залив со убав панорамски поглед на Солун од море. Бродот претворен во кафич на вода поаѓа од пристаништето од кај Белата кула и ве води на 40 мин. пловење со вклучен 1 пијалок и добра забава со музика. Слободно време за шопинг во трговскиот центар COSMOS, IKEA и LIDL. Продолжување за Лутраки, сместување во студиа и апартмани. Вечерта дочек на Новата 2022 год. во национален ресторан-Таверна со музика. Ноќевање.

01.01.2022 год. Ден за идивидуални активности низ Лутраки, посета на пештерата како и  можност за капење во бањите во Лутраки. Ноќевање.

02.01.2022 год.Слободно предпладне во Лутраки и можност за капење во бањите до 12.00 часот.Потоа поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Воден и водопадите. Продолжување  за  Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

             ЦЕНА: 55 еур (3400.оо ден)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:                     

  • – превоз со туристички автобус
  • – сместување во Лутраки во студија и апартмани – 2 ноќевања
  • – посета на Солун и водопадите во Воден
  • – организација и придружник на патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • – здравствено патничко осигурување
  • – свечена новогодишна вечера во Таверна со музика – (30 еур – пријава при резервација)

Напомена: Рок на пријавување до 25.12.2021 година.

За патниците со сопствен превоз цената се намалува за 800 ден

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА  / МАКЕДОНИЈА

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, потврда / сертификат за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината), Сертификат за прележан Covid-19 (по 1 месец од потврдената инфекција, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање односно 45 дена за во Македонија), за деца до 12 г се ослободени од овие мерки додека старосната граница на децата во Македонија се оденсува до 18 г.