Локација:
Во близина на главната минибус станица и центарот од Кушадаси
Плажа:
Оддалечен е 600 метри од плажа. Лежалки и шатори со доплата
Содржина на хотелот:
Отворен базе, ресторан, бар, тв сала, сеф на рецепција со доплата, интернет во лоби.
Соби:
Сите соби имаат купатило, ТВ, мини фрижидер, клима со доплата на лице место и балкон
Услуга:
Ноќевање со доручек

ПАКЕТ АРАНЖМАН – 12 ДЕНА / 10 НОЌЕВАЊА И ГРАТИС ТЕСТ ЗА “COVID 19”


01.ден СКОПЈЕ – КУШАДАСИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 10:00 часот. Поаѓање за Турција во 11:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве Баир и Бугарија. Ноќно возење со попатни
одмори.
02.ден ЧАНАКАЛЕ – ТРОЈА – КУШАДАСИ
Во утринските часови, премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Кушадаси во пладневните часови. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Попладнето можност за кратко запознавање со стариот дел на градот. Вечера. Ноќевање.
од 03. до 11.ден ЛЕТУВАЊЕ ВО КУШАДАСИ
Организиран престој во хотели на база ноќевање со појадок или полупансион, во еден од
најпознатите турстички центри на турскиот брег од Егејското море. Време за одмор, прошетки, посети и забави низ прекрасното Кушадаси и неговата околина: плажите “Kushtur beach”, “Ladies
beach”, “Long beach”, “Ephesus beach”, нивните бич-клубови, водените паркови, крстарењето низ големиот залив, Островото на птиците, античките локалитети во Ефес и Селџук, ноќни забави во диско клубовите и локалните кафатерии.
12.ден КУШАДАСИ – СКОПЈЕ
Појадок. Околу пладне, заминување за Македонија. Патот води покрај турскиот брег и Бугарија, дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, наредниот ден
во раните утрински часови.

ЦЕНА ЗА ЛЕТО 2021 за РЕЗЕРВАЦИИ и УПЛАТИ ДО 04.04.2021

ЦЕНАТА НА АРАНЖАНОТ ГИ ВКЛУЧУВА СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Превоз со туристички автобус и траект на наведената релација
  • Сместување во хотел Озкам 2* во Кушадаси, 10 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружба во патувањето
    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Локални факултативни излети и посети
  • Индивидуално патничко осигурување
  • Непредвидени индивидуални трошоци, за време на реализација на аранжманот
    НАПОМЕНИ:
  • АКЦИСКАТА ПОНУДА И ЦЕНИ ВАЖАТ ЗА СИТЕ РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТИ ДО 04.АПРИЛ 2021
  • Гратис PCR тест за Covid 19, доколку биде задолжителен пред заминување за Турција
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум д 40 патници.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Легенда:DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]