Патувањето во Баварија вклучува обиколки на замоците на Кралот Лудвиг II. Замоците во Баварија се познати по својата бајковита архитектура која го инспирирала самиот Волт Дизни… Ве водиме во ЗАМОЦИТЕ НА БАВАРИЈА; Минхен и Салцбург.

Денес, најпознатите и најпосетуваните замоци на „Романтичната улица“ се оние што ги изградил Кралот Лудвиг II: Ноешванштајн; Линдерхоф; Херенкимзе. Патувањето до замоците на Баварија ќе ви овозможи да ги искусите замоците чија изградба доведе до банкрот на Баварија во тоа време, сето тоа според неверојатната желба на Лудвиг II да ги изгради замоците на своите соништа.

Можеме да му се заблагодариме на Лудвиг II за тоа што денес дури и накратко можеме да уживаме во луксузот што благодарение на неговата ексцентричност остана зад неговото владеење. Старите средновековни градови, прекрасните пејзажи и замоци со години ја скокоткаат имагинацијата на милиони туристи… Од баварскиот главен град Минхен до магичните пејзажи на Баварските Алпи и неверојатните замоци… Патувањето во Германија – Замоците на Баварија никого не оставаат рамнодушен…

Редовна цена: 249 € по лице

FIRST MINUTE цена: 229  по лице

(за уплата до 20.11.2022)

Програма

01 ДЕН (29.12.2022) СКОПЈЕ – САЛЦБУРГ

Состанок со групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn 11:30ч. и поаѓање за Салцбург во 12:00ч. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02 ДЕН (30.12.2022) САЛЦБУРГ – МИНХЕН

Пристигање во Салцбург во претпладневните часови. Разглед на градот: градината на Дворецот Мирабел, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, Катедралата, Глокеншпил, Надбискупската резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8-ми век. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови се упатуваме кон Минхен. Пристигнување во Минхен и сместување во хотел. Ноќевање.

03 ДЕН (31.12.2022) МИНХЕН

Појадок во хотел. После појадокот факултативен разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденцијата Максимилианеум, Националната опера и театар, галеријата на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт.
Слободно време за подготовка за дочек на Новата Година во ноќен клуб или на плоштадот Мариенплац. Ноќевање.

04 ДЕН (01.01.2023) ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА (Ноешванштајн и Линдерхоф) – Оберамергау

Појадок. Факултативно, посета на бајковитиот дворец Ноешванштајн еден од трите дворци на Лудвиг II подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови.
Потоа следи посета на најрепрезентативниот дворец, палатата на Лудвиг II – Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност го преуредил во рококо стил, а своите соби ги позлатил не штедејќи на средства).
Целодневното патување низ живописната Баварија завршува со посета на малото гратче Оберамергау, светски познато по традиционалната манифестација Христовото страдање на патот на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на подготовките и одржување на свеченоста. Голем број сцени од Христовото страдање се насликани на скоро секоја фасада на куќите од ова мало градче, по што е и препознатливо.
Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерна факултатива со организирана вечера со музика во минхенска пивница (Hofbräuhaus München), уредена во баварски национален стил. Ноќевање.

05 ДЕН (02.01.2023) МИНХЕН – ХЕРЕНКИМЗЕ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување кон најголемото баварско езеро – Ким (Chiemsee). Возење со брод од Приен до “машкиот остров” – Херенкимзе. Посета на истоимениот раскошен дворец изграден од Лудвиг II во рококо стил по моделот на Версај. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

06 ДЕН (03.01.2023) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Вклучено

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената дестинација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Минхен (вон централно подрачје)
  • Организиран разглед на Салцбург
  • Професионален лиценциран пратител за време на целото патување
  • Локален водич за време на престојот
  • Организација на Дочек за Нова Година 2023 со вклучен трансфер
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • Организиран разглед на Минхен – 10€ (задолжителна доплата)
  • Организирана посета на Дворците на Баварија (Ноешванштајн, Линдерхоф и Херенкимзе); бродска карта Приен – Кимзе – Приен; посета на градчето Оберамергау; и факултатива минхенска пивница (Hofbräuhaus München) – 50€ (задолжителна доплата) / влезници за замоците не се вклучени
  • Влезница за клуб за дочекот на Нова Година 2023
  • Задолжително патничко осигурување

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 14 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

НАПОМЕНИ: 

  • За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.A
[contact-form-7 404 "Not Found"]