остои место во светот, единствено место каде хармонијата и задоволството се во прв план, каде што боите се во најдобрата своја нијанса, луѓето се смешкаат, рибите се шарени, секогаш е лето, а хотелите ве поздравуваат со нивното мото „ No shoes, no news “… Претпоставувате, нели?! Да, тоа се Малдиви … Најдоброто место за романтично бегство, семеен одмор или бегство од бурниот градски живот. Малдиви е име за луксуз, романса, топлина, нежност, релаксација и природна убавина. Истото чувство на безвременост, истите бои и глетки, истата бестежинска состојба на телото и духот, океанот, песокот – сè е како што гледате на слики.

ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА ЗА РАЈСКИТЕ ОСТРОВИ

(23.06 – 30.06.2022)

ЦЕНА – 1399 еур по лице

ВКЛУЧЕНО ВО ПАКЕТНА ЦЕНА :

  • Авионски билети Скопје – Мале – Скопје со вклучен багаж
  • Аеродромски такси;
  • 7 ноќевањасо услуга  во хотел Thulhagiri Island Resort & Spa 4* ;
  • Соодветен повратен трансфер од аеродромот на Мале до островот/хотелот (со глисер, хидро авион или локален лет)

НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА :

  • Патничко осигурување ;
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативни екскурзии кој не се наведени во програмата ;
  • ПЦР тест ;

Пакетни цени по лице :

Услови за влез на Малдиви (Ковид 19):

  • – За сите туристи потребен е негативен PCR тест, не постар од 96 часа пред пристигнување, тестот мора да биде преведен на англиски јазик, и нашите лаборатории издаваат резултати од тестирањето на два јазици.
  •  – Негативен тест треба да поседуваат сите патници постари од 1 година и да го носат со себе во печатена форма.
  • – При слетување на аеродромот во Мале, службениците имаат право независно да извршат тестирање на патници, доколку се покаже дека се позитивни на Ковид 19, обезбедено е место за изолација.
  • – 24 часа пред пристигнување и заминување од Малдиви, потребно е да пополните Travel Declaration Form. Препорака е ова да го направите на аеродром при чекирање, односно пред напуштање на хотелот при враќање.

Услови за резервација:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%,
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување
  • Копија од валидна патна исправа, со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • Доколку авансот не се плати во рок од два дена (48 часа) или во наведениот рок, резервацијата автоматски се брише.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До 45 дена пред датумот на поаѓање се задржува неповратниот депозит од 50% од вредноста на аранжманот;
  • Помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Забелешки:

  • Го задржуваме правото да ги менуваме маршрутите и активностите поради временски услови, технички проблеми или безбедносни причини
  • Цената е променлива и зависи од моменталната расположливост на места на авион.
  • Порано пријавување , покасно одјавување од хотелот се предмет на достапност и не се гарантирани. Официјалното време за пријавување во сите хотели е од 12:00 до 14:00 часот (во зависност од хотелот). Официјалното одјавување во сите хотели е 11:00 часот
  • Нема  рефундирање за неискористени услуги. Не е дозволено разделување на пакетот
  • Валидноста на пасошот мора да биде 6 месеци од датумот на поаѓање
[contact-form-7 404 "Not Found"]