Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Програма на патување: 1.Ден 06.03.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
- Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 07.03.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА
- Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 08.03.2021 (Понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
- Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 149€ за резервации до 31.03.21
Редовна цена на аранжманот – 159€
Цена за најмалку 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – Автобуски превоз на наведената релација
- .- Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
- – Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).
- – Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C.
- – Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).
- – Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
- – Туристичка такса.
- – Организација и реализација со туристички придржник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- – Задолжително патничко осигурување.
- – Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
- – Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).
- – Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 70€/ 4.340ден (на барање).
- – Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
- – Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање).
- – Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- – Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
Напомени:
- – За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- – За реализација на патувањето потребен е минимум од 25 патници.
- – Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
- – За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- – При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.
- – За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- – За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 5% доплата најдоцна до 3 недели пред поаѓање.
- – Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- – Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- – Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- – Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- – Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- – Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- – За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ