ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР – КРАТОВО – ШТИП

28.03.2021 Поаѓање од Прилеп во 6 ч со автобус преку Велес, Злетово со попатни паузи.Пристигнување во Лесново и посета на Лесновскиот манастир Свети Гаврил Лесновски кој е посветен на светите Архангели Михаил и Гаврил, изграден во 11 – ти век. Се продолжува за Кратово – град со типична староградска македонска архитектура, познат по своите кули и мостови. Кратово е познат и по вкусните пастрмајлии печени во фурна.Слободно време за прошетка низ Кратово и ручек. Поаѓање за Штип – град со преку 300 цркви, центар на текстилната индустрија, сега универзитетски центар. Враќање за Прилеп преку Криволак, Неготино, Кавадарци и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 490 ден.

Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација по протоколот за превоз (со 75 %)
  • посета на Лесновскиот манастир, Кратово и Штип
  • лиценциран придружник на екскурзијата
  • факултативна доплата од 300 денари за ручек: пастрмајлија и 1 пијалок (по избор: сок, чаша вино или пиво)

Важно

  • Задолжително носење на маска поради Ковид 19.
  • Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]