Крф е преубав остров на делот на Јонскиот архипелаг во Грција, со бујна вегетација, преубави плажи, архитектура, живописни села…Најубавиот начин на прослава на Велигден е на Крф.

22.04.2022 Поаѓање за Крф во 00.15 ч. од Прилеп, ноќно патување со попатни одмори.

Во утринските часови пристигнување во Игуменица.Пловидба со брод до островот Крф.Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сметување во студија и апартмани во Ипсос. Слободно време за одмор. Потоа се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесување на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех  оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе – симбол на островот. Сето тоа трае до 21 ч кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големиот хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Враќање вo студиата и апартманите. Ноќевање.

23.04.2022 Поаѓање за Крф каде претпладнето започнува процесијата големата поворка со жити- јата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажен мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11 ч  се случуваат два локални обичаи Пилина и Мастело. Враќање во студиата.Факултативен излет до Палеокастрица- живописно место на северниот дел дел од Островот.Попатно се посетува фабрика за пијалоци и слатко од овошјето Кум – кват, кое расте единствено на островот.Враќање во студијата.Околу 22 ч. се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се очекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање вo студијата и апартманите. Ноќевање.

24.04.2022 Прв ден Велигден – ден на радоста, по улиците е живо и весело, се јаде, пие и нормално неизбежното кршење на јајца. Слободно време во градот Крф,како и факултативна посета на Ахилеон-палатата на австроунгарската принцеза позната како-Сиси.Поаѓање со брод за Игуменица, а потоа продолжување со автобус за Македонија со попатна посета на Метцово – најголем центар на Власите во Грција – карактеристично планинско место, кое плени со својата автентичност и зачувана стара архитектура. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

 ЦЕНА:  5900 денари 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања во студиа и апартмани
  • разгледување на градот Крф,
  • превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица
  • реализација и водство на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • излет до Палеокастритса и фабриката за слатко и пијалоци од овошјето Кум-кват-10еур
  • превоз и влез во палатата Ахилион -10 еур
  • влезници за културно – историските споменици

Напомена: Рок на пријавување  до 10.04.2022 година.

[contact-form-7 404 "Not Found"]