ECLECTIC AEGEAN

ТРАЕЊЕ : 8 ДЕНА/7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА/ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА

Дестинација : СОЛУН-ВОЛОС-САНТОРИНИ-АТИНА-ИСТАНБУЛ-КАВАЛА-СОЛУН

БРОД (Крузер) : CELESTYAL CRYSTAL

Следете ги стапките на Римјаните, Венецијанците и Османлиите, во патување кое ќе Ви донесе илјадници живи години историја…Восхитувајте се на чудата на Истанбул – раскрсницата помеѓу Европа и Азија, воодушевувајте се од приказните за Јасон и аргонаутите.

ЦЕНАТА (499 eur) ВКЛУЧУВА :

ДЕТАЛИ од КРСТАРЕЊЕТО :

Исхрана на брод во IA кабина(all inclusive)                              Ноќевање во Истанбул

Класични пијалоци – неограничено                                          Волос, Метеора

Селектирани екскузии                                                                Посета на Вергина

Забава на брод                                                                           Вклучени 2 екскурзии (Босфор крстарење & Ија)

ПРОГРАМА на ПАТУВАЊЕТО :

ДЕН 1 : СОЛУН Почеток на пловидбата во 19.00 часот (пријавата и качувањето на брод започнува во 13.00 часот). Ноќна пловидба низ Егејот…

ДЕН 2 : ВОЛОС Пристигнуваме во атрактивниот крајбрежен пристанишен град Волос наутро. Областа ќе Ве плени и воодушеви со една од највпечатливите грчки приказни од митологијата…Волос е митскиот дом на Јасон и Аргонаутите, а   регионот исто така е родното место на Кентаурите – митските суштества кои се половина човек, половина коњ. Исто така, постои можност за посета на чудесните манастири, изградени на непристапни карпести формации во местото Каламбака – МЕТЕОРИ…испловување од Волос во раните вечерни часови.

ДЕН 3 : САНТОРИНИ Прекрасното лице на Санторини моментално ќе го препознаете…Ние сме сигурни дека ќе Ви го одземе здивот, со неговите прекрасни пејзажи, редици на бело-варосани куќи во главниот град Фира, и секако легендарната црква во Ија со сина купола. Ќе уживате во бесплатната екскурзија до Оја! Испловување од Санторини во вечерните часови.

ДЕН 4 : АТИНА (ПИРЕА) Прошетката со нас низ самото срце на Атина не носи до еден од најпрепознатливите, историски  најпознатите фотографирани локации во светот, познатиот Акропол со Партенон на неговиот врв. Тој е потсетник на моќната  Античка Грција и најголемиот архитектонски комплекс заветена од грчката антика. Спомениците на Акропол (УНЕСКО Наследство) опстанале скоро 25 века. На овој рид што сè уште доминира во Атина, родени се демократијата и филозофијата, па не е ни чудо што посетата на класична Атина е едноставно восхитувачка. Партенон е посветен на божицата Атина, заштитник на градот. Во подножјето на Акропол и неговите антички храмови се наоѓа најстарата населба во Атина, Плака, а посетителите се маѓепсани и шармирани од неа…убави куќи, калдрма и мали продавници, архитектура, елегантна атмосфера и неокласика…добро се сочувани градините и Византиските цркви.

ДЕН 5 & 6 : ИСТАНБУЛ Нема место на планетата како Истанбул. Имаме два дена во овој жив град. Вклучено во вашата маршрута е крстарење по Босфорот и посета на Пазарот на зачини. Грците, Римјаните, Венецијанците и Османлиите имаат владееа со овој град што се провлекува низ Европа и Азија преку Босфорот, помеѓу Мраморното Море и Црното Море. Ќе ја видите зачудувачката Султан Ахмет (Сината) џамија, црквата на Света Софија, палатата Топкапи, Мостот Галата, плоштадот Таксим и се разбира  – неспоредливата Голема (Капали) чаршија…и сето ова само ја допира површината на местото некогаш познато како Византија и Константинопол. Ќе имате доволно  време да уживате во одличната храна, во еден од многуте бучни ресторани.

ДЕН : КАВАЛА Свети Павле дојде до овој северен град, во близина на античкиот Неаполис на неговото прво патување во Европа. Во антички Филипи тој го крстил првиот Грчки и европски христијанин – Лидија. Црква и крстилницата на отворено сеуште се на истото место. Го посетуваме археолошкиот локалитет каде тој ја одржал првата проповед вклучувајќи го и затворот каде што беа затворени  Св.Павле и Св. Силас. Посетата на споменикот на Свети Павле е исто така во распоредот на нашата маршрута.

ДЕН 8 : СОЛУН Пристигнување во Солун околу 08.00 часот. Напуштање на бродот – крај на крстарењето.  

ДАТИ на ПЛОВИДБА : 26.Октомври; 02.Ноември 09.Ноември

ДЕНПРИСТАНИШТЕПРИСТИГАЊЕПОАЃАЊЕ
СредаСолун 19.00
ЧетвртокВолос08.0018.30
ПетокСанторини09.0020.00
СаботаАтина07.0015.00
НеделаИстанбул15.00 
ПонеделникИстанбул 18.00
ВторникКавала11.0020.00
СредаСолун08.00 
ECLECTIC AEGEAN – ЦЕНА по ЛИЦЕ за 7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА
КАБИНАЦЕНА  
IA499 €  
IB599 €  
IC619 €  
XA699 €  
XB719 €  
XC739 €  
XD769 €  
SJA  
SJB1206 €  
S1290 €  
SB1452 €  
SG1652 €  
3. и 4. возрасно лице плаќа 459 €
1.и 2. ДЕТЕ (од 2 – 10,99 год.) плаќа 369 € (со 2 возр.лица)
Бебе (под 2 години) плаќа 289 €
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за тип на кабини IA – XD) – 30%
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за апартманските кабини) – 70%
Пристанишни и сервис такси (вклучени) – 289 €
2 ЕКСКУРЗИИ на копно/ Крстарење по Босфор+пазарот на зачини & Санторини (Ија)

ОПИС на КАБИНИТЕ :

IA – ВНАТРЕШНА кабина, на 4.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IB – ВНАТРЕШНА кабина, на 5. и 6.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IC – ВНАТРЕШНА кабина, на 7., 11. и 12.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 кревети на под). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XA – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 4.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XB – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 5.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XC – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 6.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XD – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 7.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

SJA – JUNIOR SUITE, на 6. и 7.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 одделни кревети или еден брачен лежај). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

SЈB – BALCONY SUITE, на 10., 11. и 12.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

S – SUITE, на 11.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SV – SUITE со ВЕРАНДА, на 11. и 12.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до веранда со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SG – GRAND SUITE со ТЕРАСА, на 11. и 12палуба, (околу 48 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до тераса со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

НАПОМЕНА : Постои можност за ТРАНСФЕР до Терминалот (пристаништето) во Солун и обратно, цената варира во зависнот од бројот на патници!

СО ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА СКТМ

[contact-form-7 404 "Not Found"]