27.03.21 Поаѓање во 06 ч од Прилеп со автобус за Албанија со попатна пауза за појадок на Ѓавато. Потоа се продолжува према Мала Преспа, покрај брегот на Преспанското езеро, Отешево, Стење. По граничните формалности се продолжува за Пустец, кое е седиште на единствната Македонска Општина во Албанија со градоначалник Македонец. Кратка посета на Пустец, па продолжување за Воскопоја (Москополе) кое во 18 – ти век бил културен и трговски центар на Ароманците – (Власите) кои зборувале народен јазик со латинско потекло, сличен на романскиот јазик. Денес е мало планинско село (700 ж.), кое локалните православни христијани го сметаат за свето место. Потоа се оди за Корча – кратко разгледување на градот при што ќе се видат: Катедралата – Воскресение Христово, Булеварот свети Ѓорѓи, Стариот пазар, Џамијата со куполест покрив – Иљаз Мирахори… Потоа слободно време во центарот на градот. Попладнето заминување за Горна Горица каде имаме можност за ручек во ресторан (со предходна најава), познат по добрата риба крап и белвица, како и скара по поволни цени. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

ЦЕНА: 590 денари

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз – 75%
  • организација и лиценциран придружник на екскурзијата.

Во цената не е пресметано:

  • задолжително патничко здравствено осигурување – 50 ден
  • ручек (по ваш избор, на лице место, со претходна најава)

Важно

  • Екскурзиите ги изведуваме со дезинфицирани туристички автобуси опремени со тв, двд, аудио опрема и клима.
  • За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]