Програма

1 ден: 28.04.2023-Петок        СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата пред хотел Холидеј Инн во 08:00 часот. Заминување  према аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 15:50ч. Пристигнување во 17:50ч. Трансфер до хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден: 29.04.2023-Сабота        ЛАРНАКА – ЛИМАСОЛ – Плажата  АФРОДИТА  и  ПАФОС

Појадок. Факултативна посета на Лимасол и Пафос. На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури се до античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита каде според  легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море.

Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци  од античка Грција.

На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор. Ноќевање.

3 ден: 30.04.2023-Недела        ЛАРНАКА – АЈА НАПА – ФАМАГУСТА

Појадок. Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар. Заминување за градот Аја Напа. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центарна Кипар, со многу сонце, кристалночистоморе и прекрасни пејзажи. Некогаш имало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор.Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach долга 1 км и Nissi Beach долга 2 км.
Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Враќање во хотел. Слободни активности. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање

4 ден: 01.05.2023-Понеделник        ЛАРНАКА – СОЛУН

Појадок. Напуштање на собите во 12:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 18:00ч. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 20:15ч. Пристигнување во Солун во 22:30 часот. Трансфер до Скопје.

ЦЕНА за рана уплата 279€ / 17.300 ден до 20.03.2023

Редовна цена 319€ / 19.780 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопје
  • Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Ларнака  
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до
           10кг (55 x 40 x 23 cm) – информации во агенција
  • Влезници за локалитети и карти за локален превоз
  • Факултативна посета на Аја Напа и Фамагуста со локален водич и трансфер 55€ (минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета,на Пафос и Афродитина плажа со локален водич и трансфер 50€ (минимум 15 патника)
  • Патничко осигурување 180,00 денари

За реализација на програмата  потрено е  група од 25 патника

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот. Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поаѓање, како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Напомена

Доколку се патува за Фамагуста важноста на пасошот мора да биде 6 месеци до денот на влегувањето на турскиот дел поточно во Северен Кипар.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

Error: Contact form not found.