Прв ден: 21.10.2022 (Петок)

Тргнување на групата од Скопје во 23:00 часот. Од Куманово во 23:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Ноќно возење.

Втор ден: 22.10.2022 (Сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Панорамски разглед со локален водич. Заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено “Старо село” кој претставува  група традиционални Златиборски куќи собрани на едно место,  како и на специјалната продавница за џемпери “Музеј Плетиља”, по кои Сирогојно е познато низ светот.  Враќање на групата  и сместување во ТРК (Туристичко Рекреативен Комплекс https://trkzlatibor.rs/) кој се наоѓа во центарот на Златибор. Краток одмор од патувањето, со можност за прошетка низ градот и слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 23.10.2022 (Недела)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20 км. од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град  и го дели на два дела. Од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуални активности со прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Ноќевање. 

Четврти ден: 24.10.2022 (Понеделник)

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор со посета на  пазарот за продажба на сувенири, како и добро познатата златиборска пршута и кајмак.  Тргнување за Македонија. Попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте  продавници во местото.  Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот по лице:

9.590 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Две ноќевања со појадок и вечера   во ТРК (Туристички Рекреативни Комплекс) –  https://trkzlatibor.rs/ 
  • Посета на Врњачка Бања
  • Посета  и влезница во музејот во Сирогојно  со локален туристички водич
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на  Ел Пасо  – 10 евра ( вклучен превоз и локален водич)
  • Задолжително патничко осигурување

 Напомени: 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од  40 патници
  • За еднокреветна соба – се доплаќа 50% од цената на аранжманот
  • За сместување на 4-то возрасно лице се одбива 990 мкд
  • Деца до 2 год. – гратис (без седиште во автобус)
  • Деца од 2-6 год. – се одбива 4.990 мкд
  • Деца од 7 до 11 год. –  се одбива 2.790 мкд
  • Задолжителна  доплата за тур. такса – 93 мкд на ден по лице (се плаќа во агенција)
  • За аранжман со сопствен превоз – се одбива  2.490 мкд
  • ТА го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.   
[contact-form-7 404 "Not Found"]