Програма на патување: 

1 ден 07.12.2022 (среда)                                          Скопје – Дарувар

Состанок на групата пред ВИП хотел спроти поранешен скопски саем во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи поради одмор и царински формалности.     

2 ден 08.12.2022 (четврток)                                   Даруварски Топлици

Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар и сместување во хотел. Кратко слободно време за одмор од патувањето. Во договорено време заминување на прошетка и разглед на градот Дарувар со локален водич: Јулијевиот парк, дворецот на грофот Јанковиќ… Враќање во хотел и слободно време за релаксација и СПА уживање, бесплатно користење на термалните базени во хотелот со температура до 36 °C. Вечера. Ноќевање. 

3 ден 09.12.2022 (петок)             Дарувар – Загреб – Christmas Market – Дарувар

Појадок. По појадокот факултативно Ве водиме на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа во Загреб. Пристичнување во Загреб и организиран разглед на главниот град на Хрватска со локален водич: катедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчиева улица, Марковата црква… По разгледот слободно време за индивидуални прошетки и посета на Божиќниот пазар обоен во илјада бои.. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден 10.12.202 (сабота)                                      Дарувар – Скопје 

Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи или можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар. Посета и разглед на пивоварата со дегустација на 5 различни видови на сирење и 5 видови на пиво на точење. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот – 189€/11.718ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • • Πревоз со туристички автобус на наведената релација
  • • Сместување во хотелскиот комплекс Даруварски Топлици (Хотел Термал 3*и Хотел Аркадија 3*оддалечени еден од друг 200м) во Дарувар во двокреветни соби на база 2 ноќевања 
  • • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера шведска маса)
  • • Бесплатно користење на базените (2 отворени, 1 затворен) во хотел Термал 3* со термална вода од 30 до 36°C
  • • Организирана прошетка и разглед на Дарувар со локален туристички водич
  • • Туристичка такса
  • • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • • Задолжително патничко осигурување 
  • • Целодневна факултативна посета и разглед на Загреб со локален водич – 20€ (доплата на лице место)
  • • Факултативна посета на Пивовара Дарувар 15€ (доплата на лице место) 
  • • Индивидуални трошоци.

Важни напомени: 

  • – За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • – За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
  • – Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • – За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже. 
  • – Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
  • – За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ 
[contact-form-7 404 "Not Found"]