Врњачка Бања 2НП – 8ми Декември
Опис
Во Врњачка Бања има седум минерални извори. Тоа се: Топла вода, Слатина, Снежник,
Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за терапии (Топла
вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од три извори се флашираат како
природни минерални води (Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).
1 ден 06.12.2024 Состанок на групата на спортска сала во Битола во 23:30 часот. Поаѓање
за Србија во 23 45 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки
попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 07.12.2024 Пристигнување во Врњачка Бања во раните утрински часови . Следува
пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските
извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување
во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на
хотелот. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за
користење на СПА содржините во цената. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на манастирот
Жича и тврдината Маглич. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат
е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на
Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од
раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот
заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија.
Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за
одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Македонија
во вечерните часови.
Промо цена: 125 евра ( за резервации до 15.11.2024 и уплата на аванс од 1000 мкд)
Редовна цена: 155 евра
Што е вклучено / Што не е вклучено
- – Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- – Сместување во хотел Цептер 4* , 2 ноќевања со поjaдок
- – Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- – Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- – Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
- – Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- – Доплата за туристичка такса 3 евра за 2 ноќи
- – Факултативна посета на манастирот Жица и тврдината Маглич 25€
- – Доплата за еднокреветна соба 30 евра ден на цената на аранжманот