Врњачка бања Водици  2023

19.01-22.01.2023

Програма на патувањето:

19.01.2023 (Четврток) Кавадарци – Неготино – Велес– Врњачка  бања

Поаѓање кон Србија од Велес и Скопје во утринските часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во пладневните часови и сместување во хотел Zepter (https://zepterhotelvbanja.com/ ).Слободно време за индивидуални прошетки или користење на СПА ЦЕНТАР. Ноќевање.

20.01.2023 (Петок) Врњачка бања

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, релаксација и одмор. Ноќевање.

21.01.2023 (Сабота)    Врњачка бања

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности,релаксација и одмор.Можност за факултативен излет до манастирите Љубостина,Жича,Лазарица и Студеница заедно со локален водич.Враќање во хотел.Ноќевање.

22.01.2023 (Недела)    Врњачка бања  -Велес

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот за пријави до  05.01 – 145eur  / 8.990  мкд

Редовна цена на аранжманот  155eur  / 9.610 мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Доплати :

  • Прво дете до 7 години плаќа 25 евра (при сместување со двајца возрасни)
  • Дете од 7 до 12 години плаќа 95 евра (при сместување со двајца возрасни)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација од Неготино,Кавадарци,Велес,Штип,Скопје,Куманово
  • Сместување во хотел Zepter 3* во двокреветни и трокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок;
  • Користење на SPA&Wellnes центар (затворен базен со минерална вода,џакузи,теретана и фитнес центар,сауна (2-3 часа дневно според препораките за користење)
  • Wi-fi
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса 1.5 евро од вечер по лице
  • Факултативен разглед на манастирите со локален водич 5 евра по лице
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

THERAPY AIR во Zepter хотелите

*Сите соби се и простори на хотелот се опремени со прочистувачи на воздухот кои елиминираат бактерии,вируси,микроорганизми и отстрануваат полен,чад и прашина.

*Сите оброци се подготвуваат на здрав Zepter начин,приготвени во Zepter  и послужени во Zepter  сервис.

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници,
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ 
[contact-form-7 404 "Not Found"]