Нова 2023 година СОЛУН – ЛУТРАКИ – ВОДЕН

ЛУТРАКИ е мало туристичко место. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Температурата на водата е од 37-38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

31.12.2022 год. Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп за Грција преку Гевгелија за Солун, кратка обиколка на центарот на градот при што можат да се видат: Белата Кула, плоштадот Аристотелос, улицата Виа Игнациjа… Слободно време во Солун  и уживање во предновогодижното и божично расположение. Слободно време за шопинг во трговскиот центар One Salonica Outlet Mall. Продолжување за Лутраки, сместување во студиа и апартмани. Вечерта дочек на Новата 2023 год. во национален ресторан-Таверна со музика. Ноќевање.

01.01.2023 год. Ден за слободни идивидуални активности низ Лутраки, посета на пештерата како и  можност за капење во бањите во Лутраки. Ноќевање.

02.01.2023 год.Слободно предпладне во Лутраки и можност за капење во бањите до 12.00 часот. Во 14 часот поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Воден и водопадите. Продолжување  за  Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

ЦЕНА4200 ден
За резервации и уплати до 25.11.22 – 3900 ден

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:                     

  • превоз со туристички автобус
  • сместување во Лутраки во студиа и апартмани – 2 ноќевања
  • посета на Солун и водопадите во Воден
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување свечена новогодишна вечера во Таверна со музика – (40 еур – пријава при резервација)

Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2022 година

За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

[contact-form-7 404 "Not Found"]