Први Мај – Ксамил
Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
ПРОГРАМА:
1 ден – четврток (29.04.2021)
Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден – петок (30.04.2021)
Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вилaта Луна во Ксамил. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка во Ксамил. Ноќевање.
3 ден – сабота (01.05.2021)
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на националниот парк Бутринт и градот Саранда. Бутринт е национален парк во јужниот дел од Албанија, оддалечен 18 километри од градот Саранда, во регионот на Валона. Паркот зазема површина од 94.244 км2 и се простира на ридест терен, со бројни езера, мочуришта, ливади, солено песокливо земјиште и острови. Во овој богат геоеколошки систем живеат преку 1200 растителни и животински видови. Под заштита и управа на националниот парк Бутринт влегуваат и сите езера и лагуни.
По посетата на Бутринт, се упатуваме кон Саранда, град сместен покрај брегот на Јонското Море. Претставува еден од најважните туристички центри тука, исполнето со многубројни кафулиња, ресторани и продавнички. Враќање во вилата и ноќевање.
4 ден – недела (02.05.2021)
Слободно индивидуално време за прошетка по песочните плажи на Јонското Море. Ноќевање.
5ден – понеделник (03.05.2021)
Одјавување од вилите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Тргнување за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Опис на вила Луна – се наоѓа во Ксамил на 70м од плажата Бела Виста, на 200м од центарот на градот. Вилата располага со четворокреветни студија со капацитет до 4 лица и апартман за 6 лица. Вилата има и вифи но агенцијата не гарантира за квалитетот на истото. *Климата е вклучена во цената.
ЦЕНА НА АРНАЖМАНОТ – 59 евра по лице
Важни напомени:
- -Цена за со сопствен превоз 49 евра по лице
- -За single соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот
- -Трето и Четврто возрасено лице плаќа 50 евра
- -Деца до 2г бесплатно (не користат седиште)
- -Деца од 2 до 12г со 2 возрасни плаќаат 45 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
- -3 ноќевања во вила Луна во Ксамил
- -Превоз со високотуристички автобус
- -Бесплатен трансфер од Битола, Ресен и Охрид (до граничен премин Ќафасан)
- -Лиценциран пратител во текот на целото патување
- -Организација и реализацијa на аранжманот
Во цената не е вклучено:
- Патничко сигурување
- Факултативна посета на Саранда и националниот парк Бутринт 10 евра по лице
- Туристичка такса 1 евро од ноќевање (се плаќа во автобус)
Напомена:
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување.