10.03.2023

Програмата Весела Шумадија започнува со поаѓање во 05.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничниот премин Табановце со попатни одмори до Крагуевац. Следува разгледување на градот со локален туристички водич: културно-историскиот комплекс “Милошев венец“ кој го опфаќа централниот дел од градот во кој се наоѓаат најзначајните објекти изградени во време кога Крагуевац била прва престолнина на модерната српска држава. Народниот музеј-чии почетоци се поврзани со кнезот Милош во првата половина на 19-от век, Старата црква во која е донесен првиот српски Устав, зградата на старото собрание, првата српска гимназија основана во 1833 година, споменикот на Шумадинците, градскиот пазар, конакот на Кнезот Михаил, градскиот театар… Кратка пауза и слободно време за кафе во центарот на градот. Сместување во хотел Шумарице. Попладне посета и разгледување на спомен паркот Шумарице-Крагуевачки Октомври, единствена амбиентална целина која се простира на 352 хектари. Најчесто посетувано место од бројните туристи е Споменикот на стреланите ученици и професори т.н. V/3 на 21 Октомври 1941 година. Во истоимениот парк се наоѓаат и бројни содржини за спорско рекреативен туризам, авантура парк, аквариум и ботаничка градина. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта посета на познатиот Крагуевачки ресторан-печењара “Библиотека“. Свечена вечера со музика. Ноќевање.

11.03.2023

Појадок. После појадокот заминување на организиран излет до Манастир Жича со туристички водич. Важноста што му се предава на манастирот, Св. Сава и Стефан Првовенчани му ја доделиле како центар на независната српска црква, крунисувалиште на идните кралеви и катедрала на српскиот народ, денес се истакнува преку признавањето на народниот јубилеј од 800 години постоење и континуираната духовна мисија на оваа свето место. Манастирот Жича, храм на Христовото Вознесение подигнат во период од 1190 до 1124 година. Патувањето продолжува за Врњачка бања – кралица на сите бањи во Србија, позната по своите лековити извори. Прошетка и разгледување со туристички водич, изворите, бањските лекувалишта, мостот на љубовта, градскиот парк, дворецот на Белимарковиќ… Враќање во Крагуевац. Вечера. Ноќевање

12.03.2023

Појадок. После појадокот заминување за Дестилеријата „Певац“, симбол на чување, традиција и имплементација на најсовремена технологија што резултира со префинети вкусови на познатото Шумадинско богатство-нејзиното височество “ракија“ со врвен квалитет. Својата историја „Подрум Певац“ почна да ја пишува не така одамна во 2008 година, која секој ден ја завршува со моќта на видот и ја истура во најубавите ароми и вкусови на ракија на кои е тешко да се каже не! Дегустација на ракија. Заминување за Македонија после пладне. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел Шумарице 3* во Крагуевац, на база еден полу пансион (појадок / вечера) и едно ноќевање со појадок
  • Разгледување на Крагуевац со локален туристички водич
  • Посета и разгледување на спомен паркот-Шумарице
  • Свечена вечера со аперитив и музика во ресторан-печењара “Библиотека
  • Целодневен излет до манастирот Жича и Врњачка бања со локален туристички водич
  • Посета на дестилерија “Певац“ со дегустација на ракија
  • Организација и пратител на групата

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Влезници за посетите на културно-историски споменици и музеи
  • Патничко осигурување

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош или лична карта со минимум важност 3 месеци од денот на враќање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување
[contact-form-7 404 "Not Found"]