ОСМИ МАРТ НА СЕВЕРОТ ОД БАЧКА И УНГАРИЈА

(Ергела Келебија-Сегедин-Нови Сад)

Дворец како од бајките, дива убавина и спокојство, липицанери, фијакери …

(02.03.2023 – 05.03.2023)

Прв ден: 02.03.2023 (четврток)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 03.03.2023 (петок)

Пристигнување во претпладневните часови нанајсеверниот дел од Бачка, во селото Келебија кое се наоѓа на само десетина километри од центарот на Суботица и на 500 метри од границата со Унгарија. Сместување на групата во Хотел Вила „Majur“ 4****, преубав објект кој потсетува на дворец од бајките (http://www.vilamajur.com/sr/). Хотелот е опкружен со прекрасен парк во кој доминираат борот и елата, со уредени патеки за прошетка и летниковци за одмор, вештачко езеро со дрвена куќичка наменета за гуските и шатките, тениски игралишта… Вистински рај за одмор на душата. Слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на разглед на најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија која е во сопственост на хотелот (http://www.ergelakelebija.rs/). Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари, а денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во поранешна Југославија. Организиран разглед на ергелата и на музејот во кој се наоѓа колекција од повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Потоа следува несекојдневно доживување-возење со фијакерите низ преубаво уредениот парк и боровата шума, а сите љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Слободно време за кафе или за ручек во ресторанот на ергелата. Во попладневните часови враќање во хотелот каде ќе можете да уживате во содржините на хотелот кој има wellness центар: затворен базен, сауна, мини теретана и просторија за масажа. Ноќевање.

Трети ден: 04.03.2023 (сабота)

Појадок. Целодневен излет во соседна Унгарија и посета на еден од најубавите градови -Сегедин кој со право го нарекуваат мала Виена. Градот е познат по својата преубава архитектура; за време на разгледот ќе го видиме Музејот на познатиот писател Ferenc Mora, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Tisa-некогашно место каде се собирала Сегединската елита, Плоштадот посветен на грофот Istvan Secenјij во кој се наоѓаат некои од најубавите промероци на унгарскарта сецесија, плоштадот Dugonjic на кој е изграден Сегединскиот универзитет, Српската Православна Црква со преубавиот иконостас познат како златно дрво со 80 икони, Катедралната црква и плоштадот. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Војводина. Вечерта, организирана вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Четврти ден05.03.2023 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Организиран разглед со локален туристички водич: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната Црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • – Превоз со туристички автобус
  • – Две ноќевања со појадок во хотел „Majur“ 4**** на Келебија
  • – Вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот
  • – Посета на Eргелата за коњи липицанери „Kelebija“со вклучена влезница за ергелата и музејот, возење со кочии, јавање на коњи
  • – Организиран разглед на градот Сегедин во Унгарија
  • – Организиран разглед на Нови Сад
  • – Локален туристички водич за време на сите разгледи
  • – Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • – Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1евро по лице од вечер
  • – Патничко осигурување

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 01. Февруари 2023 година

[contact-form-7 404 "Not Found"]