Банско – Мелник – Сандански

30.04.2022 Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп за Банско преку Струмица и Петрич, со попатна посета на Бањскиот центар – Сандански, чие старо име е Свети Врач, а се смета дека тука е роден Спартак, кој го кренал востанието против Рим. Продолжување за Банско и сместување во хотел. Можност за бесплатно користење на сауна, фитнес и базен во хотелот. ВечераНоќевање.

01.05. Појадок. Слободно време за индивидуални активности во на ј- големиот ски – центар на Балканот – Банско, каде се одржуваат светски купови во скијање, сместен во подножјето на Пирин планина, чиј највисок врв е Вихрен со 2914 м, со75 км ски – патеки, со гондола за 8 лица со која се оди до ски – центарот. Банско со многу етно ресторани – Механи, барови, модерни и снабдени продавници за шопинг.Можност за бесплатно користење на сауна, фитнес и базен во хотелот. Вечера. Ноќевање.

02.05.2022г. Појадок. Слободно предпладне во Банско.Поаѓање и посета на Мелник – најмалото живописно гратче во Бугарија познато по Пирамидите од песок и производство на вино, како и посета на Музеј за вино со можност за дегустација на вино. Продолжување за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ:  4900 денари (Деца до 11.9 години: 2940 денари)

Со сопствен превоз: 3600 денари (Деца до 11.9 години: 1800 денари)

 Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација;
  • 2 полу пансиони во хотел Mountain Paradise Apart 4* (појадок и вечера шведски стол + пијалоци за време на оброците, користење на затворен базен, фитнес, сауна…)
  • попатна посета на Мелник и Сандански
  • придружник и организација на патувањето.

  Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување – 150 денари
  • влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 21.04.2022 година

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Tурс и СКТМ.

[contact-form-7 404 "Not Found"]