29.12.2023 Поаѓање во 21.00 часот од Прилеп, преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.

30.12.2023 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол…Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Факултативна предновогодишна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака  со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.

31.12.2023 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот каналЕпидаурус-најакустичниот амфитеатар од Античка Грција, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2024 на плоштад, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни ,игри и ора…..Ноќевање.

01.01.2024 Појадок. Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот – со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада – најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. После враќањето во Атина се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 02.01.

ЦЕНА:7400ден.,за резервации до 01.12.2023
редовна цена 8400ден.

Во цената се преместани следните услуги:

  • – автобуски превоз на наведената релација
  • – сместување на база 2 НП во хотел со 3* во центарот на Атина
  • – разгледување на Атина со локален водич
  • – организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата

Во  цената не е пресметано:

  • – задолжително патничко осигурување
  • – факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич  30 €
  • – факултативен излет до Пиреа,Глифада и Сунион со локален водич -20 €
  • – влезници за локалитетите.
  • – предновогодишна вечера во Таверна на 30.12.2023=40 €