Атина за 8-ми декември

Главниот и најголем град во Грција, Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри.

Името го добил по грчката божица на мудроста Атина. Посетете ја Атина за 8-ми декември и уживајте во овој неверојатен град

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€ – местата се ограничени!
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИТЕ СО РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА, НАМЕСТО 60 евра, СЕ ПЛАЌААТ 50 евра ВО АВТОБУС

ТЕРМИН: 09.12 – 12.12

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Разглед на Атина со водич – 15 € (можност за посета на Акропол – Пантеон чија влезница е 20евра – не е задолжително)
  • Посета на Пелопонез – Коринтскиот канал, театарот Епидаурус (дополнително по желба се плаќа влезница за театарот 12евра), градот Нафплион, Микена (дополнително се плаќа влезница по желба 12 евра) – посета заедно со водич – 30 €
  • Посета на Пирејa и Сунион со храмот на Посејдон – 15 € (влезница за храмот на Посејдон е 10€, по желба)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети

Задолжителна резервација на аудио слушалки во локалитетите 3евра по лице од ден

ПРВ ДЕН – четврток (09.12)
СКОПЈЕ –АТИНА

Состанок на групата на Дрводекор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот, преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – петок (10.12)

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Влезница за посета ова најзначајно здание во Атина е 20евра и е по желба. Се плаќа на лице место.

ЗОШТО АКРОПОЛ?

Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на центарот на класичниот свет.

Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.

Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН (сабота 11.12)

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познатиот канал кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морале да минуваат низ него. Името го добил по блискиот град Коринт кој се наоѓа во западниот краен дел на каналот.

Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Грчкиот географ Паусанија, од вториот век н.е., напишал дека во Епидаурус‚ се наоѓа најзначајниот театар на античкиот свет. Иако римските театри се повеличествени и поимпозантни, ниеден архитект не може да се натпреварува со убавината и складноста на театарот во Епидаурус, кој бил откриен од страна на љубопитен грчки археолог во 19 век и започнале ископувања. По шест години напорна работа, ископувањата изнеле на виделина еден импозантен, речиси неоштетен театар. Според археолозите, овој театар го изградил некаде околу 330 пр.н.е. Поликлет Помладиот, прочуен вајар и архитект од блискиот град Аргос. Современиот архитект Манос Перакис го одразува општото гледиште на истражувачите кога го нарекува Епидаурус „најпрочуен и најзачуван грчки театар“.

Откривањето на театарот во Епидаурус е важно и за археологијата и за архитектурата. Додека повеќето од преостанатите антички театри претрпеле делумно уништување или биле реконструирани, театарот во Епидаурус останал неоштетен низ вековите затоа што бил на сигурно, покриен со повеќе од 6 метри земја.

Театарот во Епидаурус е прочуен по својата извонредна акустика. „И најмалиот звук — длабок здив или кинење хартија — може јасно да се чуе дури до последниот ред седишта“, вели професорот по археологија С. Е. Е. Јаковидис.

Кога го посетуваат овој театар, многу туристи сакаат да застанат на средината на оркестарот и да рецитираат поеми, да пеат песни или да им шепотат на своите пријатели кои седат во највисоките редови. Тие се импресионирани од извонредниот начин на кој звукот се пренесува до секој ќош од овој голем аудиториум.

За ваквата добра акустика е заслужен амфитеатарскиот, полукружен облик на театарот во Епидаурус.
ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ВО ТЕАТАРОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ПАКЕТОТ И Е ПО ЖЕЛБА – 12 евра по лице (цената е променлива во зависност од политиката на надлежните)

По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, гратчето Нафплион – Првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Градот Нафплион е значаен во историјата на современа Грција како нејзина прва престолнина во периодот од 1829 до 1834 година, за подоцна градот Атина да ја превземе оваа улога. Градот е сместен на мал полуостров на врвот на Арголискиот залив. Денес, овој шармантен град претставува важен туристички центар во Грција, кој привлекува голем број на туристи поради прекрасната архитектура, малите тесни сокачиња. Слободно време за прошетка или кафе.

Денот го завршуваме со посета на Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Позната како дом на легендарниот крал Агамемнон кој Грците ги повел во Тројанската војна. Кралскиот гроб кој го има откриено Шлиман успеал да зачува големи богатства, меѓу кои најзначајното е позната златна посмртна маска. Овој антички град не без причина се нарекува лулка на Грција. Тој е максимално исполнет со духот на античките херои кои извршиле подвизи во име на боговите на Олимп, како и невиден луксуз, на кој би можеле да позавидат сите царства на светот.

ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ЗА МИКЕНА ЧИНИ 12 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (не е задолжителен влез)

  • Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму, популарна за шопинг.

Ноќевање.

4 ДЕН недела (12.12)

  • По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува до Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна е безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство.

ВЛЕЗНИЦАТА ЗА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН Е 10 евра.

  • По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристугнување во раните утрински часови.

НАПОМЕНА:

  • За сингл соба се доплатуваат 45 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.


ВАЖНА НАПОМЕНА: 

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

ВАЖНО:

  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
    Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Организаторот ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Организаторот не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

ВАЖНО:

  •  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

  • Со оваа програма важат Општите услови
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]