Зошто Патуваме

Размислувавме, наместо своевиден его-буст како оваа писанка да си преведиме културно убер интересни статии од Нејшиноал Џеографик, Лонли Планет, Баз Фид, Д’ Гардијан, Њу Јорк Тајмс и сл. на тема зошто патуваме како што прават секој од нашиве портали и како што си ветивме во редакцијата дека ќе правиме на порталот(а, ќе правиме верувајте!), ама ајде рековме да не го клонираме нашето прво чедо и да му вдахнеме од генот DRD4, поточно варијацијата  DRD4-7R и ја носат во себе 20 % од популацијата е поврзана со љубопитност  и е како што кажуваат научниците од еминентни факултети (Чен од Калифорнија, Хопер од Макс Плант итн, итн)  преземат нови ризици, да патуваат на нови места, да присвојат нови идеи, пробаат нова храна, нови врски, , генерално поподложни на движење, промени и авантура истражување, односно тие се оние што го менуваат светот.Затоа ние како свеовидна врста успеавме да ја окупираме нашата планета за 60.000 години, нешто пример што на одредени примати како Неандралците не им успеало ни за милиони години.Ние сме единствена врста на планетата која што е способна да излезе од својата комфорт-зона само за да провери и испита што има на некое друго место.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сега, кога веќе ги исполнивме и последните дупки на половите, нурнавме во длабочините на океанот, влеговме длабоко во површината на земјата, се искачивме на највисоките врвови слично кога Џејмс Кук кој влегол во непознато чисто да види само што има таму и крстарел со врачот Тупија без бусола и компас низ Полинезија, така новите патници се пријавуваат со страст за населување на Марс, да се впуштат во непознатото без оглед на ризиците што ги носи тоа, само за да се задоволат инстиктите на нашите предци кои пред 60.000 години од Африка се впуштиле во истражување на непознатото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Секој, патник знае дека возбудата на чинот расте со моментот на неговото планирање, но тука се поставуваат и прашањата: каде би одел, што би правел таму, каде би се хранел, места за посетување во близина, каде би спиел таму, што би било најдобро да се прави во тие два, три, пет или седум дена,  каде е најдобро со деца да се отседне, како е најдобро да го организираме распоредот за патување и многу, многу прашања . Ние како редакција длабоко би ви препорачале да оставите малку простор за спонтаност на цело патување и да го разбудите вашиот Џејмс Кук и истражите малку, сепак во ерата каде што туризмот е еден од најбрзорастечките индустрии во светот би било добро и патникот да се подотви со некаква информација.  И како клише муабет да си кажиме дека тука стапува на сцена www.nomadtravel.mk сајт кој ќе ви помогне да направите патување според вашите можности и желби. (ви реков дека ќе има его-буст)

 

 

 

 

 

 

 

Препораки, најдобар дил, буџет варијанта (патување на бандажи), најдобра храна, места што не би требало да ги пропуштите, комплетни планови за патување, корисни информации, споредба на цени за летен одмор од нашите агенции, информации за попусти на билети за патување, препорака за активен одмор, нешто од сопствено искуство, нешто што сме го прочитале по релевантни извори на таа тема треба да дадат една слика на местото кое би сакале да го посетите.

 

 

Витгенштајн, како за крај на ова обраќање до читателите има кажано две работи од кои ние би ја препорачале првата „Во животот не смеете да се пренатрупувате” така и во вашето патување. Оставете нека ве води малку вашиот инстикт како вашите предци од Африка и почуствувајте ја слободата што ја нуди патувањето. И втората е што тврдел дека доколку неговите ставови би биле напишани на шалтерите за билети на англиските железнички станици, тие би изгледале вака: „Дали вашето патување е навистина неопходно?”  Оној кој би го прочитал ова би можел да каже: „Па кога ќе размислам, можеби и не е.

 

 

 

 

Со љубов,

 

Номад Травел

 

 

 

 

 

 

Leave your comment